Американскиот државен секретар Мајк Помпео денес во Москва донесе пакет со кој се предвидува ново стратешко мешање на картите на доминација во светот помеѓу САД и Русија.

Државниот секретар на Трамп, Мајк Помпео, кој денес пристигнува во Русија, ја доставил понудата до Владимир Путин од американскиот претседател за големо помирување и поделба на интересни сфери во светот. Таа понуда, во најмала рака, гласи: "Украина и Сирија се твои, а јас владеам со Србија и Венецуела".

Помпео, човекот со највисока доверба на Доналд Трамп, денеска ќе се состане со и со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, а потоа еден ден подоцна во Сочи со Путин. На маса, велат добро информирани дипломати, ќе има пакет кој би можел сериозно да ја смени политичката карта на светот.
Трамп, на тој начин, ќе ја остави Русија да има влијание врз Украина, која е стратешки важна за Москва. Ова во пракса би значело дека Москва го задржува Крим и дека на исток од Украина (Доњецк и други места под контрола на проруските сили) ќе биде воспоставена зона над која Украина нема да има контрола, иако формално може да биде дел од таа земја. Во овој пакет, Путин ќе ја задржи целосната контрола над Сирија, и можно е дека Москва, исто така, ќе има одлучувачко влијание врз Иран.

Од друга страна, Србија е како остров на Балканот опкружен со земјите членки на НАТО и големи сојузници на САД (Грција, Северна Македонија, Црна Гора, Албанија, Унгарија, Бугарија, Романија, Хрватска, Словенија ...), е за Трамп од најголем интерес во намерата Америка да го заврши овој простор како своја сфера на интерес под целосна контрола на НАТО..

- Балканот е на линија на која се соочуваат руски и американски влијанија. Постојат, како американски проблем Србија и Република Српска, кои Вашингтон ги смета како сојузници на Русија и стратезите на Трамп ќе бидат многу среќни ако и Србија со Босна, вклучително и Република Српска, влезат под чадорот на НАТО - вели извор од дипломатски кругови за српските водечки портали и укажува дека во договорот е особено важна Венецуела.

Понудата на Трамп, истакнува истиот извор, се однесува на поделбата на сфери на влијание во светот и нема да влијае на решавањето на прашањето за Косово а кој проблем Американците веќе имаат подготвено план врз основа на договорот и моделот применет за Израел и Палестина, кој е предложен и до Русија да го прифати и да учествува во неговото потпишување како гарант. Според тој план има размена на територии, а планот беше експлицитно отфрлен од Германија и Франција.

Искуството од најмалку 150 години наназад, кога е во прашање Балканот, говори дека ниту една важна одлука не е донесена без согласност на Русија од една и некоја од водечките западни сили од друга страна. Доколку, во овој случај, САД и Русија постигнат согласност останува само планот да се спроведе со повеќе или помалку соработка од балканските учесници но, очигледно е дека решението не е далеку.

Како што пишува и британскиот Телеграф, Путин е спремен да се откаже од Внецуела и Мадуро ако САД се повлечат со воената помош од Украина. Останува само прашањето - што ќе прави Путин со Србија и Вучиќ?

4
loading...

Најчитани вести