Македонскиот репрезентативец, Енис Барди денеска е јунак на Леванте откако на важниот натпревар против Џирона го даде победничкиот гол, за 1-2 и на својот тим му обезбеди сигурен опстанок на едно коло до крајот на сезоната.

Барди доби жолт картон во 49. минута поради прекршок, а голот вреден опстанок го постигна во 86. минута. Неговиот тим се најде во незавидно ситуација откако екипата на Џирона поведе преку Стуани во 60. минута, а Леванте само две минути подоцна изедначи преку Моралес.

Леванте има 43 бода и се наоѓа на 15. место во Примера, додека Џирона е со една нога во втората шпански фудбалска лига.

1

Најчитани вести