Вардар повторно ќе биде на високи нозе, меѓутоа не од летово, ами од следната 2020-2021 сезона. Спорт1 дознава дека под своја закрила имаат намера да го земат државните фирми ЕЛЕМ и МЕПСО.

Се разбира, не е исклучено да се оствари соработка со некоја друга голема фирма од државава, меѓутоа повторно, за летото 2020, бидејќи буџетите на субјектите од таков размер се веќе направени за оваа година и тешко замисливо е во нив да се вметнува крупна ѕверка како Вардар.

Исто така, заминувањето на Сергеј Самсоненко не е апсолутно, напротив, има реални шанси тој да остане во клубот, секако, со далеку поскромни вложувања. Рускиот помагач на македонскиот спорт, неофицијално, вчера го потврдил и го продолжил својот престој во фудбалскиот Вардар, оттука, јасно е дека ќе биде присутен во Скопје.

Што се однесува до актуелните ракометари, нивните заостанати примања и потенцијалното останување, би требало да се решава на состанок утре. Самсоненко се уште негувал пријателски односи со добар дел од ракометарите и за верување е дека ќе најде начин да ги исполни заостанатите обврски кон нив, но не и дека би задржал некого од постоечкиот состав.

Во сезонава која претстои, тој „статус кво“, Вардар би го преживеал и со помош од Град Скопје, а идното лето државата би требало да слее пари. Прашањето е дали Самсоненко ќе биде искористен како параван, т.е. би бил оставен како прв човек на клубот или, пак, Вардар отворено би бил промовиран во државен проект.

1

Најчитани вести