Четворица претседатели до сега ја извршуваа највисоката  државна функција, Стево Пендаровски е петтиот претседател што ќе седне на претседателската фотеља

По два мандати имаа  претседателот Киро Глигоров и Ѓорге Иванов, а по еден мандат имаше Борис Трајковски и Бранко Црвенковски.

Киро Глигоров, е прв претседател на РМ кој раководеше со таа функција од 1991 до 1999 година.

За претседател Глигоров беше избран на 27 јануари 1991 година од македонското Собрание, кога доби поддршка од 114 од вкупно присутните 119 пратеници, а втор пат беше избран на првите непосредни претседателски избори одржани во октомври 1994 година..

За време на неговиот мандат на референдум одржан на 8 септември 1991 година беше прогласена независноста на земјата, а Македонија беше и единствената од поранешните југословенски републики која се осамостои по мирен пат. На 3 октомври 4 години подоцна на  претседателот Глигоров му беше извршен атентат.

Тој  преживеа но заврши со тешки повреди во пределот на главата. Нападот беше извршен со автомобил бомба на улицата „Македонија" во Скопје, кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието.  Досега не се откриени ниту нарачателите ниту извршителите на атентатот.

Кога заврши неговиот втор претседателски мандат, тој имаше 82 години, а во 2000 година Гинисовата книга на рекорди го забележа Глигоров како најстар претседател на држава во светот.

Претседателот Глигоров почина на 1 јануари 2012 година во својот дом во Скопје.

Борис Трајковски, е вториот претседател на Република Македонија, кој беше на чело на државата од 1999 до 2004 година .

Работеше како шеф на кабинетот на градоначалникот на Општина Кисела Вода, а во 1998-та е избран за заменик-министер за надворешни работи на Македонија.Една година подоцна беше избран за претседател. За време на неговиот мандат во  Македонија во 2001вата се случи вооружен конфликт. Тој одигра важна улога во смирување на  страстите кај населението, конфликтот да не зафати поголеми размери. Истата година се потпиша и  Охридскиот рамковен договор.

На 26 февруари 2004 година, Трајковски загина трагично во авионска несреќа заедно со осуммина соработници во близина на Мостар, Босна и Херцеговина. Тој имаше 47 години. Него го наследи Бранко Црвенковски кој беше на оваа функција од 2004 до  2009 та.

Кариерата ја започна како  пратеник во првиот состав на Собранието.

А во 1992 година стана вториот премиер на Македонија по нејзиното осамостојување од Југославија. Со 29 години, тој беше најмладиот премиер во Европа во тој период. Вториот премиерски мандат го доби по изборите во декември 1994 година.

На вонредните претседателски избири по  загинувањето на претседателот Борис Трајковски, во 2004 година Бранко Црвенковски беше избран за шеф на државата.

Црвенковски ја извршуваше функцијата претседател на Република Македонија  до 12 мај 2009 година.

За време на претседателскиот мандат на Црвенковски, Макадонија  стана земја кандидат за прием во Европската Унија.

Ѓорге Иванов, 10 години е на чело на државата. Претходно работи како професор на правниот факултет во Скопје. Иванов во борбата за  вториот мандат противкандидат му беше  Пендаровски. Иванов  победи со  освоени 55, 28 отсто од гласовите, наспроти Пендаровски кој освои 41, 14 отсто од гласовите

Последната година од вториот мандат на претседателот Иванов, меѓу другото, ќе ја обележи непотпишувањето на Законот за употреба на јазиците и на указот за ратификација на договорот со Грција, како и потпишувањето на Законот за амнестија за обвинетите во настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

1

Најчитани вести