Курдскиот милитантни лидер Абдулах Оџалан затворен е веќе две деценије на остров во близина на Истанбул. Но, тоа не го спречува да има политичко влијание кое сега му е потребно - на Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Турција, во борбата на повторени локални избори да ја добие власта во Истанбул.

Само неколку саати пред највисокиот изборен орган во Турција да донесе одлука со која се повторуваат локалните избори во Истанбул, кои претходно ги загуби партијата на Ердоган, курдскиот лидер во затвор, Оџалан даде изјава преку своите адвокати.

Владата на Турција дозволи турскиот "непријател број 1" да се сретне со адвокатите за прв пат во последниве осум години, и тоа секако не е случајно. Оџалан ги повика своите герилци да го имаат предвид "сензибилитетот на настаните и времето Турција", додека курдските милиции поддржани од САД се обидуваат да изградат автономен курдски регион во Сирија.

- "Ние можеме да ги решиме проблемите во Турција, па дури и во регионот, почнувајќи од војната во Сирија", се вели во писмото напишано од Оџалан.

Времето на објава на неговите пораки може да се покаже значајно во најновата политичка драма во Турција.

За 23-ти јуни е предвидено ново гласање за власт во Истанбул што на турските финансиски пазари предизвика хаос, а економијата е во проблеми уште од санкциите кои ги воведоа САД откако Турција објави дека платила за купување на руските ракети С-400. Потоа, се случија локалните избори на кои партијата на Ердоган загуби на најважното место, во Истанбул.

Одлуката на Ердоган да му даде право на адвокати и јавен збор на државниот непријател број еден, затворениот курдски лидер Оџалан, отвара можност за соработка со Курдите од која соработка Ердоган очекува бенефит не толку со гласањето во Истанбул колку во турскиот воен ангажман во Сирија кој има влијание на расположението на гласачите, пишува "Блумберг".

- Ердоган се сети на значењето на Оџалан откако е ослабен неговиот рејтинг и се случи победа на опозицијата во Истанбул, сериозната економска криза и заканата од нови санкции од САД - изјавил Нихат Али Озчан, автор на неколку книги за Оџалан и неговото курдско движење ПКК, партија која е означена како терористичка организација од страна на САД, Европската Унија и Турција.

- Тоа му дава на Оџалан златна можност да побара отстапки за Курдите од Турција", рече тој. 

Ердоган и Оџалан еден со друг го "опипуваат пулсот", рече Мехмет Каја, претседател на Стопанската комора во Дијарбекир, најголемиот град во Турција со курдското население. Оџалан е се уште почитуван кај повеќето курдски националисти и тој може да влијае на курдските гласови кои одат кај опозицијата или "барем да го убеди курдските гласачи да не учествува во повторното гласање", вели Каја.
 

 

 

 

1

Најчитани вести