Видео снимката “Три начини како да ве забележат милионерите” за еден месец ја прегледале приближно 400 илјади луѓе. Не знаете како да заведете милионер? Сакате да бидете забележани од богаташ? Блогерката Ана Беј има три клучни совети за тоа.

Инфлуенсерката има свој Јутјуб канал со наслов “School of Affluence”, на кој има мноштво видео содржини со кои сака да им помогне да жените да постигнат елеганција и да си го обезбедат влезот во високото друштво.

Првиот услов е самодоверба

Колкава е вашата самодоверба, односно колку самоуверено изгледате е прашање кое би требало сами да си го поставите.

“Самодовербата е многу битна. Жена со самодоверба не може да остане незабележена во друштвото”, вели Ана Беј и додава дека не смее да се претера со самодовербата бидејќи може да се постигне контраефект.

Беј нагласува дека со самодовербата, дури и кога не изгледате најдобро што можете, ќе ги фасцинирате и ќе привлечете внимание кај мажите кои ќе посакаат да ве запознаат.

“Еднаш кога ќе стекнете самодоверба, вие ќе владеете со просторијата и ќе можете да ги уверите луѓето во било што”, додава Ана.

Вториот услов е елеганција

Убавината е, како што вели Ана Беј, е лесно достапна на сите и сите можеме да бидеме поубави отколку што сме, па затоа конкуренцијата е многу голема.

“Има многу убави и згодни жени, но нема многу елегантни, а елеганцијата е она што посебно ги привлекува мажите од високото друштво”, нагласува Ана.

Третиот услов е женственост

Мажите, како што вели, повеќе не ги привлекува толку сексапилот колку женственоста што им “фаќа за око”. Женственоста е нешто што секоја жена ја прави посебна и таа привлекува сериозни мажи.

 

1

Најчитани вести