Фекри Ахмети, братот на Али Ахмети, лидерот на ДУИ, смета дека дел од кадрите на владиниот коалиционен партнер треба да заминат во политичка пензија и дека ги немаат потребните лидерски вештини, пренесува Алмакос.

Ваков коментар даде Фекри Ахмети на анкетата на тетовски портал за тоа кој кандидат заслужува да го предводи новото министерство за политичкиот систем каде што се предложени Изет Меџити, Хазби Лика, Невзат Бехта и Муса Џафери.

„Ниту еден од нив нема младешка мотивација и лидерски вештини, затоа треба да размислат за пензија" искоментира братот на Ахмети.

Дел од „метлата“ која ја најавува премиерот Зоран Заев е и ДУИ, но таму е јасно дека за тоа прво треба да има консултации со Али Ахмети

33
loading...

Најчитани вести