Поранашниот фудбалер Дејвид Бекам останал без својата возачка дозвола, па во следните шест месеци ќе мора или да се вози со такси или да се потпре на жена му. Се нашол во тесно откако добил казна за зборување на мобилен додека управувал со моторно возило. Бидејќи веќе има доволно казнени поени, судот решил да му је земе возачката, но да му одреди и парична казна во износ од 750 фунти.   

- Судот во јужен Лондон го казни Бекам со шест поени поради прекршок што го направил минатата година. До крајот на неделата тој ќе мора да ја предаде возачката дозвола“, пренесува „Си-ен-ен“.

Тоа што е славен очигледно не поминува секаде!

3
loading...

Најчитани вести