Потребни состојки:

За пилешкото месо во маринада:

  • 500-750 г пилешки гради, исечени на ситни коцки

  • 2 лажици маслиново масло

  • 1 цеден лимон

  • 3 чешниња лук, исечкан

  • 2 лажички суво оригано

  • ½ лажичка црвен пипер

  • сол и бибер по вкус

За свежата салата:

  • 6 шолји сечкана марула

  • 1 шолја сечкана краставица

  • 1 шолја шери домати, пресечени на половина

  • 1/3 шолја каламата маслинки на половина

  • 1/3 шолја дробено фета сирење

  • 1/4 шолја црвен кромид, сечкан

  • ¼ шолја пиперки

Прелив за салатата:

  • 2 лажици маслиново масло

  • 1 цеден лимон

  • 2 лажици рендани кисели краставички

  • 1 + ½ лажички Дижон сенф

  • 1 лажичка мед

  • Сол и бибер по вкус

Начин на подготовка: Маринирајте го пилешкото месо во ќеса со сите наведени состојки во првиот дел на рецептот. Оставете месото да ги впие состојките најмалку 30 минути или преку ноќ во фрижидер. Загрејте ја рерната на 200˚С. Печете го пилешкото врз хартија за печење околу 15-20 минути, додека убаво не зарумени. Во меѓувреме подгответе го преливот за салатата. Во подлабок сад добро измешајте ги сите наведени состојки. На поголема чинија или даска за сервирање наредете ги состојките како на фотографијата. (сечканите свежи зеленчуци, маслинките, фета сирењето, месото). Преливот за салата ставете го во посебен подлабок сад.

2,464

Најчитани вести