Потребни состојки:

  • 1 кг компири
  • 300 г мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 3 јајца 
  • масло
  • млеко
  • сол


Начин на приготвување: Исчистете ги компирите, измијте ги и со сврдле извадете спирала од средината на секој компир. Сварете ги компирите и спиралите во солена вода. Испржете го ситно исечканиoт кромид, додадете го меленото месо, посолете и испржете го. Наполнете ги компирите со месо и редете ги во тава. Ред компири, ред спирали. Печете ги 1 час на 200°. Пред крај на печењето прелејте ги со изматени јајца во кои сте додале малку млеко. Како додаток за ова јадење можете да послужите бешамел сос.

Бешамел сос:
Ставете во тенџере 1 лажица масло. Кога маслото ќе се растопи, додајте 2 лажици брашно. Брашнoто пржете го да остане бело. Потоа налејте го со млако млеко. При налевањето непрекинато матете ја смесата сo жица за матење за да не се направат грутчиња. Сосот сварете го, посoлете го.

5

Најчитани вести