Поразително е да се забележи дека со секоја секунда што изминува, долгот што го имаме како држава расте за десетици евра. Во просек  јавниот долг на Македонија расте по 1.37 милиони евра дневно, 57 илјади евра на час, 16 евра во секунда. Пресметките велат дека по жител, должиме по 2.602 евра, или околу 7 просечни плати. Со новото задолжување, секој од нас е задолжен дополнително за илјада денари.

На крајот од минатата 2018 година, јавниот долг достигна над 47,2% од Бруто домашниот производ. Од Министерството за финансии велат дека овој процент не е толку драстичен и дека имаат стратегија како да го намалат. Но, долгот и натаму расте а стратегијата никако да ја видиме.

Ева ја табелата од Министерството за финансии од која, изворно, можеме да видиме колку Македонија должи и дека долгот упорно расте а, што е најопасно, инвестиции и капитачни вложувања нема. Парите одат во непознат правец.

Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини за ТВ21 вели дека власта прави пропаганда со бројки. Според него, не е проблем висината на долгот, туку начинот како се трошат парите. Чекорите кои ги презема владата оваа година се разочарувачки, вели Хајредини.

Заклучно со 2016 година кога постоеше реална власт на ВМРО ДПМНЕ, јавниот долг изнесуваше 4,7 милијади евра а сегашната власт со постојани кредити ја задолжи државата за дополнителни 1,5 милијради евра. За годинава е предвиден раст на БДП од 3,2 отсто, но во првиот квартал од 2018, економијата порасна помалку од 0,5 проценти.

За три месеци во 2019 година јавниот долг се зголемил за дополнителни 40 милиони евра и сега изнесува 5 милијарди и 252 милиони евра. Но, задолжувањето расте побавно од растот на БДП, па процентуално јавниот долг е помал за 2.3 процентни поени и заклучно со март изнесува 46,2% од бруто домашниот производ.

Според фискалната стратегија јавниот долг до 2020 година треба да се зголеми на 6,5 милијарди евра, односно да надмине 53 проценти од БДП-то.

14
loading...

Најчитани вести