Потребни состојки:

За темниот дел: 250гр мелени бисквити, 100гр чоколадо за готвење, 150гр шеќер, 1,5дл млеко

За светлиот дел: 125гр маргарин 150гр шеќер во прав 100гр кокос брашно

Се подготвува црниот дел на тој начин што во мелените бисквити се додава чоколадото, ванилата и млекото и се замесува.
Се расплескува врз хартија за печење.

За белиот дел се мати маргаринот убаво, пенасто, се додава еурокремот и се соединува со миксирање. Во средината се става банана која му дава посебен, свеж вкус. Се додава и кокосот. Се’ убаво се соединува. Се нанесува врз кафеавата кора. Се витка ролат.

Одозгора се посипува со малку кокос. Се става во длабоко замрзнување околу 30 мин., па се сече.
Потоа се остава во ладна просторија да се просуши.

На здравје!

Најчитани вести