На прашањето упатено кон претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дали ќе се повлече од претседателското место од партијата доколку Сиљановска изгуби на претседателските избори, тој истакна дека токму вакво прашање треба да му биде поставено на оној кој што во 2016 година кажа дека доколку изгуби ќе ја напушти политиката. 

Зоран Заев најави дека ако ги загуби изборите во 2016 ќе си поднесе оставка, не си поднесе.  Потоа рече ако не успее референдумот - нема место за него во политиката, не си поднесе оставка.

- Прашајте го него дали ќе понесе одговорност што ги загуби овие избори, изјави Мицкоски.

После првиот круг од претседателските избори, вчера имав состанок на Централниот комитет разговаравме околу актуелната политичка ситуација, ќе имаме претпоставувам Централен комитет и после вториот круг, секој ќе си поднесе извештај од сработеното, доколку Централниот комитет одлучи дека јас треба да сносам одговорност или не треба да сносам одговорност, бидејќи ќе победиме, тогаш тоа е тоа, но јас воопшто не размислувам на таа варијанта, вели Мицкоски.

Тој посочи дека за него идинствена опција е победа на професорката Гордана Силјановска, не заради ВМРО и Христијан Мицкоски, туку заради Македонија, поради граѓаните, затоа што тие се незадоволни, затоа што огромното мнозинство во Македонија не е среќно и смета дека Македонија не се движи во правилна насока.

1
loading...

Најчитани вести