Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, во своето обраќање во медија центарот оцени дека првиот круг од претседателските избори минал во демократски дух и како што кажа, очекува така да биде и на 5 мај.

„Едвај чекам да се фатам за работа за евроатлантска Северна Македонија од позиција шеф на државата“, порача Пендаровски додавајќи дека во вториот круг граѓаните ќе имаат стеснет избор од три на два кандидата.

„Изборот ќе биде полесен зошто разликата меѓу мене и Силјанаовска е огромна. Треба поддршка за концептот што води напред, а не назад“, истакна Пендаровски.

Тој воедно ги повика поддржувачите на Блерим Река, но како што рече и на тие што гласале за Силјановсака, но длабоко во себе знаат дека таа одлука е погрешна, повторно да се преиспитаат и да преминат на вистинскиот пат.

„Секој треба да земе учество во позитивнините проблеми и заедно да одиме напред“, порача Пендаровски.

 

извор: Makfax

1
loading...

Најчитани вести