Граѓанската асоцијација МОСТ која го следеше денешното гласање со повеќе од 1.500 набљудувачи, објави прелиминарни податоци добиени од ПВР програмата, според кои, одѕивот на гласачите во првиот круг од претседателските избори е 41,67% (со маргина на грешка од +/- 0,5%).

Како што велат од МОСТ, од важечките ливчиња, за првиот круг од претседателските избори добиени се следните резултати: Блерим Река (10,98%), Гордана Силјановска-Давкова (44,32%) и Стево Пендаровски (44,7%).

Од таму напоменуваат дека поради фактот што резултатите за првите два кандидата се во маргината на грешка, во официјалните резултати може да има промена во редоследот на првите два кандидати според освоените гласови.

„На 1.160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, беа распоредени исто толку набљудувачи, со што беа покриени 33% од вкупниот број на гласачки места во Република Северна Македонија“, истакнуваат од граѓанската асоцијација.

Прелиминарната оценка за спроведените избори МОСТ ќе ја соопшти на прес-конференција која ќе се одржи во текот на утрешниот ден.

 

извор: Makfax

2

Најчитани вести