Кога Адам Лабунски повторно се појави на сцената на Гранд, а по кавгата меѓу него, татко му Ибро и членовите на жирито во Ѕвездите на Гранд, изгледаше дека се ОК и дека страстите се смириле. Но, очигледно само изгледаше така.

По синоќешната објава на Марија Шерифовиќ на Инстаграм и одлуката на Гранд продукција кандидатот Адам да биде исфрлен од понатамошното натреварување, всушност, се покажа дека ништо не се сменило во однесувањето на младиот пејач, кој заради своето надмено однесување беше опоменуван и во претходните шоуа во кои учествуваше.

Марија Шерифовиќ, менторката на Адам, кога се случи првиот инцидент а само затоа што не ја послушал и без нејзино знаење решил да пее друга песна, му се закани дека веќе нема да работи со него. Марија рече, па одрече, но овој пат изгледа веќе нема назад и Адам е во АУТ!

Инаку, откако по првиот скандал се врати на сцената, Адам на жирито му се извини јавно, истото се обиде да го стори и сега, додуша овој обид повеќе наликува на „перење“ и префрлање на вината на другата страна. НО?! Адам по објавата на Марија реши да возврати, демек има со што, па почна да објавува некои приватни преписки и комплиметни од фанови што му стигнувале. Еве ги преписките, па ако разберете јавете ни. Овде нам ни делува како темата да е сосема поразлична. 

Повелете: 

 

 

А еве ја и скандалозната кавга со жирито:

2

Најчитани вести