Девет од десетте најпрометни аеродроми во земјите од поранешна Југославија, вклучувајќи го и скопскиот, во првите три месеци од годинава можат да се пофалат со многу солидни резултати.

Според порталот EX-YU Aviation во тој период на овие аеродроми бројот на патници е зголемен за 178.708. Најмногу нови патници имало на Приштинскиот аеродром, за 13,9% повеќе, иако останал без еден авиопревозник и се борел и со други проблеми. Од друга страна, поради суспензијата на неколку дестинации на Визер во текот на зимата, единствено тузланскиот аеродром не може да се пофали со раст.

За скопскиот аеродром се наведува дека во првиот квартал го зголемил бројот на патници за 21.868, а во наредното тримесечје очекува силен раст.

-Скопскиот аеродром регистрираше очекуван пораст на бројот на патниците од 5,6 проценти, кој ќе биде поголем во втората и третата четвртина од годината, поради отворањето на четирите нови правци, ја пренесува EX-YU Aviation изјавата од операторот ТАВ.

Белградскиот аеродром “Никола Тесла” и годинава ја задржува својата позиција на најпрометен во поранешна Југославија, додавајќи повеќе од 37.300 патници. Овој аеродром го зголемувал бројот на патници во 33 последователни месеци. За загрепскиот аеродром, за кој оваа година се смета за консолидациона во споредба со претходните две, бројките се подобрени за 3,4 проценти. Темпото на раст се очекува да се зголеми за време на вториот и третиот квартал, при што бројот на патници се очекува да порасне за над 5 отсто оваа година. Вториот најпрометниот аеродром во Хрватска, сплитскиот, исто така го продолжува динамичниот раст, иако со побавно темпо отколку во 2018 година.

-Годишниот раст од 15% до 20%, за кој сме сведоци, веројатно нема да продолжи и во наредните години и ги очекуваме вообичаените 5% до 10% зголемување на бројот на патници, изјавиле од аеродромот за ” EX-YU Aviation.Истовремено аеродромот во Дубровник има рекорден почеток на годината, со подобрување од над 24%. Сепак, стапката на раст се очекува да се намали во наредните месеци, со годишен пораст од околу 5% годинава.Аеродромот во Љубљана бележи солиден раст на бројот на патници од нешто над 4% и покрај тоа што е намален бројот на патници што ги опслужува главниот клиент Адрија ервејс. Аеродромот во Подгорица исто така продолжи да регистрира рекордни бројки на патници, при што во текот на првиот квартал низ него поминале 193.581 патник.

4
loading...

Најчитани вести