Министерството за надворешни работи на Шри Ланка соопшти дека е потврдена националноста на 11 жртви во денешните терористички напади, а девет странци се водат како исчезнати.

Меѓу жртвите три се од Индија, еден од Португалија, две жртви се од Турција, три од Велика Британија и двајца со двојно државјанство  на САД и Велика Британија.

Меѓу жртвите има и државјани на Холандија и на Кина.

Во серијата бомбашки напади во три цркви и четири хотели во Шри Ланка загинаа најмалку 200 луѓе, а ранети се 450.

извор: Makfax

1

Најчитани вести