Повлекувањето на Сергеј Самсоненко од ракометниот клуб Вардар одекна како „бомба“, иако можеше да се навести со оглед на турбуленциите и големиот број заминувања од „Јане Сандански“. Одамна е јасно дека поминаа убавите финансиски времиња за „црвено-црните“ ракометари.

Сепак, официјалната информација го изненади и Тимур Дибиров.

 

„И ние за ова добивавме само шпекулации. Јас сум навикнат да верувам само на проверени информации од официјалниот сајт на клубот. Некако бевме сигурни дека во Вардар се е нормално. Ова за нас беше брзо и неочекувано. Добивме повик во заедничката група и директорот на клубот Давор Стојановски ни ја кажа веста за завршувањето на проектот „Вардар“ на крајот од оваа сезона. Тоа не изненади. Но што можеме ние тука, професионалниот спорт бара сериозни финансиски вложувања. Животот продолжува понатаму, веројатно има објективни причини за да се случи ова, но не е моја работа да го истражувам тоа. Сергеј Самсоненко се уште не се сретна со нас, но верувам дека и тоа ќе се случи наскоро“, вели Дибиров.

Претстои четвртфиналниот двомеч со ПИК Сегед, а левото крило вели дека ракометарите се професионалци и ќе ги исполнат сите обврски.

„Ние сме професионалци. Ги чекаме двата дуели против ПИК Сегед и ќе направиме се за да обезбедиме пласман на Ф4, иако ова секако ќе влијае на психолошки план. Сите Последниот меч ќе биде на 25 април пред најдобрата публика во светот. Сите билети се продадени и не смееме да си дозволиме да не го одиграме овој натпревар најдобро што знаеме. Сакам да бидам коректен кон клубот, нема да зборувам за иднината. Понудите ќе ги разгледувам подоцна. Мене и на моето семејство Вардар ни подари најубави и најсреќни години. Ќе си одам со солзи во очите“, истакнува рускиот интернационалец.

Извор: екипа.мк

1

Најчитани вести