Пилотот и патник на мал приватен авион вчера загинаа во Бугарија, кога воздухопловот се урнал во јужниот дел на земјата.

Според полицијата во Пловдив, авионот „Зодиак“ со две седишта, бил на промотивна тура, а за време на летот едното крило се оддвоило. Притоа авионот се урнал во близина на стадионот во село Оризаре, каде имало натпревар.

Тоа е вторпат од почетокот на април да се урне бугарски авион. На 2 април при пад на авион од типот „Цесна“ кај Солунска Глава загинаа четворица бугарски државјани.

извор: Makfax

1
loading...

Најчитани вести