Трговски центар во Сараево беше евакуиран попладнево откако во сараевската полиција пристигнала дојава за поставена бомба.

Со брза реакција на полицијата во Сараево се евакуирани посетителите и вработени во еден од најголемите трговски центри во БиХ.
        
Од Оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево, информираат дека дојавата била приемена во 16.24 часот и Центарот бил испразнет во рок од 15 минути.
        
Во терен во моментов се специјални единици на полицијата.

извор: Makfax

7

Најчитани вести