Георги Прванов, бугарскиот претседател од 2002 до 2012, денеска побара Бугарија и Македонија да постигнат уште еден посебен договор само за Илинденското востание со што „ќе се дефинира заедничката историја“, пишува Фокус.

Ова Прванов го нагласи на претставувањето на документираниот зборник под негово редакторство „Илинденско-Преображенско востание во 1903 преку погледот на европските дипломати“.

Тој наведе дека не е против соседот да гради нов сопствен идентитет, но тоа да не биде на бугарска сметка.

– Со текот на времето се посилна ќе станува потребата од нов политичко-дипломатски договор помеѓу Скопје и Атина. Нашите политичари долго време молчат за да не го вознемират Скопје, но треба да се укаже на заедничката историја на основа на бугарско самопознание – рече Прванов.

Наведе дека не е задоволен од работата од бугарската страна во мешовитиот комитет и дека ефектот не е постигнат по договорот за добрососедство во 2017-та.

1
loading...

Најчитани вести