Поранешната портпаролка на Хашкиот трибунал Флорен Алтман зборуваше за скандалозната смрт на хашкиот затвореник, Хрватот Слободан Праљак кој се отру со испиен цијанид сред судницата додека му ја соопштуваат пресудата, а Хартман открива кој и како му го доставил цијанидот во затворот.

- Познато е дека ова е направено од тимот кој дојде да присуствува на судењето, бидејќи Праљак не можел да има цијанид додека бил во во притвор, и тоа фрла сомнеж врз неговите адвокати, или можеби некој од амбасадата. Отровот бил донесен и предаден од некој што имал пристап до Праљак пред да влезе во судницата - вели Артман.

За потстетување, Слободан Праљак, пензиониран генерал на хрватската армија се самоуби со труење со цијанид за време на изрекување на пресудата пред Трибуналот за воени злосторства на 29 ноември 2017 година.

Праљак остави две проштални писма пронајдени од страна на истражителите на Обединетите нации со кои се докажаа дека тој внимателно го планирал самоубиство. Двете писма биле напишани на 27 ноември, два дена пред конечната пресуда во случајот воени злосторства на Хрватите во Херцег-Босна.

Ника Пинтер, неговата адвокатка, рече дека Праљак не правел ништо под влијание на оклината или на состојбата во која се наоѓал туку се "почнувајќи од одбраната и организација на сопствениот живот работел многу прецизно, сталожено и мирно."

 

1
loading...

Најчитани вести