Политички за НАТО изигравме одлично, но не испорачуваме резултати за позитивна препорака за старт на преговорите со ЕУ.

НАТО е геополитика, ЕУ е техника, исполнување на критериуми. Како што гледав во овој скрининг од една година – не ги исполнуваме техничките критериуми.

Деполитизирано судство, админситрација ослободена од непотизам, иднината на СЈО и конкреттни резултати за мегакоруптивните скандали, реформа на службите за разузнавање.

Не се работи дали Река сака или несака, во мојот мандат добивме прва позитивна препорака во 2009 година. Не е сега како што треба. Манчевски пред 2 дена кажа дека ни недоставува институционален капацитет и и врвни експерти во ЕУ интеграции. Јас би сакал да немам право, но тешко во јуни ќе добиеме препорака. Ако со политички компромис ја добиеме, на самитот во јуни сеуште 3 земји членки не се уверени дека испорачуваме тоа што бараме

1

Најчитани вести