САД ќе продолжат да го осудуваат руското мешање во американските избори и ќе преземат одлучни мерки против злонамерното делување на Москва, порача американскиот шеф на дипломатијата, Мајк Помпео, по објавата на извештајот за истрагата за тоа прашање.

„Јасно ќе им кажеме дека тоа е неприфатливо“ рекол Помпео.
„Ќе преземеме одлучни мерки за да уште повеќе ги платат своите злонамерни делувања и ќе продолжиме да го правиме тоа“ додаде Помпео.

Одговарајќи на новинарско прашање за извештајот на специјалниот обвинител Роберт Милер кој ја спроведе истрагата за наводното руско мешање, тој вели дека се работи за сериозна работа.

„Тоа е сериозно, Русија се меша во изборите во целиот свет, не само во нашоте во 2016 година, туку и во другите“ нагласил Помпео.

извор: Makfax

1
loading...

Најчитани вести