Поранешната моделка Криси Тајген (33), сопруга на американскиот пејач Џон Леџенд (40), се пресмета со хејтерите на социјалните мрежи кои ја нарекоа дебела.

„Тајген сака да ги напаѓа луѓето, па сакам да ѝ укажам на нејзините килограми. Мислам дека дебелата треба да оди во вежбална“, пишува нејзиниот следбеник на социјалните мрежи.

Кога ѝ порачаа дека е време да се врати на вежбањето поради, како што рекоа, вишокот килограми по бременоста, таа им одговори на свој начин.

„Воопшто не се оптоварувам со своите килограми, па твојот коментар не ме боли. Најслаба бев кога ја родив Луна, но страдав од постпородилна депресија. Затоа со задоволство ќе ги прифатам овие килограми и овие чувства – рече таа. На крајот на март, Криси јавно се извини за она што се случува со нејзините килограми.

„Десет килограми сум потешка отколку пред раѓањето на Мајлс. Тој има 11 месеци сега, а јас никогаш не ги изгубив насобраните килограми, бидејќи премногу ја сакам храната. Затоа се навикнав дека ова е мојот нов изглед, бидејќи имам толку многу килограми веќе долго време“ објасни таа.

извор: Makfax

6

Најчитани вести