На интернет денес се објавени два нови прислушувани разговори. Зад објавата стои извесен корисник „Илија громовник“, а разговорите се објавени на Јутјуб и вк. 

Во првиот разговор се слуша како Емил Стојменов бара, да се јават кај директорот на УЈП за да му се избришат 300.000 евра неплатен данок. Стојменов зборува и за пресуда што ја добил со помош на судиите на ДУИ против Газда Нини. Бара да се ургира кај претседателот на Врховен суд Јово Вангеловски да не му ја поништува пресудата.

Овој, прв објавен разговор, е познат на јавноста но иако е така ниту СЈО ниту ОЈО не преземаа ништо за истрага и обвинение на оние кои договарале затајување данок што на крајот е и извршено дело, бидејќи Канал 5 никогаш не платија 300.000 евра данок по овој основ. Сега, во овој разговор ја слушнавме и комплетната, проширена верзија од инкриминараната комуникација.

За разлика од овој случај каде очигледно е работено, односно несработено и замижано за СДСМ да го стави Канал 5 под своја контрола, во други случаи поврзани со данок каде што СЈО има поинакви интереси е постапувано дури и без основ.

Во вториот разговор ставен под името „Комитети“ се зборува за тоа дека некој од редовите на ВМРО-ДПМНЕ давал насоки до сите штабови и општински комитети да не излегуваат членовите на ВМРО-ДПМНЕ на протест пред Собрание. 

Вчера беа објавени 4 нови бомби. 

 

Специјалното јавно обвинителство апелира сите граѓани што имаат какви било информации за постоење прислушувани материјали да му ги предадат на Обвинителството.

Јавна тајна позната меѓу новинарите е дека има десетина илјади прислушкувани разговори за функционери на СДСМ и невладини активисти од нивниот партиски камп кои во голем дел се коруптивни, од интимен карактер за односи меѓу нив како и за акции на полицијата во времето на ВМРО ДПМНЕ кои се случувале во соработка со врвни функционери на СДСМ - најпознат пример за такво нешто е соработка на поранешен претседател на СДСМ со полицијата во апсењето на Велија Рамковски, сопственикот на А1 телевизија и неколку други компании. 

Јавноста овие разговори не ги слушна, обвинителството сосема очекувано не ги процесуираше но, ниедна тајна не останала вечна.

1

Најчитани вести