На интернет денес се објавени четири телефонски прислушувани разговори. Зад објавата стои извесен корисник „Илија громовник“, а разговорите се објавени на мрежата Vk.com под хаштагот „Чичо“ и „Македонија“.

 

Во првиот разговор се слуша гласот за кој пишува дека е на поранешниот претседател Бранко Црвенковски како разговара со соговорничка за извесен „Дамјан на Рада“.

 

Видеото е со наслов „Црвенковски ги објаснува грчките фирми на Манчевски“.

Во вториот разговор се слушаат гласовите за кои пишува дека се на професорот Љубомир Данаилов Фрчкоски и политичкиот аналитичар Алберт Муслиу како разговараат за процесот на лустрација.

 

Третиот разговор носи наслов „Кочо и Саше проблем за ЕЛЕМ и државата“.

 

Во последниот објавен разговор се слушаат, како што пишува, гласовите на сегашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, како се координираат како да настапат пред медиумите.

 

Објавите можат да се најдат на рускиата варијанта на Фејсбук Вконтакте vk.com

 

Специјалното јавно обвинителство апелира сите граѓани што имаат какви било информации за постоење прислушувани материјали да му ги предадат на Обвинителството.

 

Јавна тајна позната меѓу новинарите е дека има десетина илјади прислушкувани разговори за функционери на СДСМ и невладини активисти од нивниот партиски камп кои во голем дел се коруптивни, од интимен карактер за односи меѓу нив како и за акции на полицијата во времето на ВМРО ДПМНЕ кои се случувале во соработка со врвни функционери на СДСМ - најпознат промер за такво нешто е соработка на поранешен претседател на СДСМ со полицијата во пасењето ан Велија Рамковски, сопственикот на А1 телевизија и неколку други компании. 

 

Јавноста овие разговори не ги слушна, обвинителството сосема очекувано не ги процесуираше но, ниедна тајна не останала вечна.

1
loading...

Најчитани вести