Навивачите на Јувентус нема што да му забележат на Кристијано Роналдо за поразот од Ајакс, но клубот за само еден ден поради тој пораз загуби 400 милиони евра од својата вредност поради пад на акциите на клубот на берзата.

Нивната вредност на акции имаше најголем пад на берзта и тоа од 20,92% и во моментов вредат 1.356 евра.

Тоа е втор ден по ред како акциите на клубот паѓаат за 20%. Тој пад најмногу ќе го погоди семејството Ањели, кое има поголем дел од акциите од клубот, но секако никој од акционерите на тимот не може да спие мирно поради ваквата загуба.

Од друга страна голем скок на акциите, и вердоста ан Ајакс по победата врз Јувентус. Акциите на клубот пораснаа за 10% што е дополнителна добивка по четвртфиналниот двомеч против „бјанконерите“

Роналдо во првата сезона во новиот клуб постигна 26 гола, со 12 асистенции. Во првенстовото на Италија има постигнато 19 гола и 10 асистенции , со што Јувентус е на врвот на табелата.

 

1
loading...

Најчитани вести