Правеше Милер истрага цели 2 години за наводно руско мешање во изборите во САД? Ја затврои дека нема докази за ништо. И претседателот Трамп сега вика: Добро, ајде да видиме на што потроши 35 милиони долари на американските даночни обврзници.

И јас сега велам: Ајде да видиме на што потрошивте 15 милиони на македонските даночни обврзници. Сакам да знам на што се потрошени, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во КликПлус на ТВ21.

СЈО е политички договор, и е против уставно. Нашиот став е да го изедначиме со сите обвинители. Нема да ги правиме холивудски ѕвезди, ајде сега да ги направиме како што треба. Ајде да видиме собранието да провери каде отидоа 15 милиони евра. Имаме индиции дека се злоупотребени. Но тие бегаат, не сакаат. Велиме сите обвинители да имаат рамноправен третман, сега овие имаат пет пати поголеми можности, соработници, ајде ги изедначиме можностите. Тие што не се квалитетни да се збогуваме. Нашиот став е јасен, тоа беше став и на премиерот. Ајде ако веруваме во правда јавниот обвинител да биде од опозиција. Велат бомбите не смеат да бидат доказ. Кажете ми како нелегален матерјал е доказ? истакна Мицкоски.

1

Најчитани вести