Како започна пожарот во Нотр Дам и што ја предизвика огнената стихија, е прашањето кое што се наметнува по вчерашниот страотен пожар која ја зафати оваа француска знаменитост со огромно исторско значење. Светските медиуми објавуваат детални информации околу изградбата на категралата и неизиното реновирање кое што било во тек, како и вредното богатство во внатрешноста на катедралата, кое што е уништено во огнената стихија.

Според информациите кои што се објавени, за конструкцијата на катедралата биле искористени 1300 дрвја. Според експертите, пожарот најверојатно изгувнал токму во дрвените греди кои ја сочинуваат конструкцијата на катедралата. За оваа 850-годишна зграда, дури 1300 дрва се претворени во греди, поради што овој дел од Нотр Дам популарно се нарекува ,,шума”

Во понеделникот попладне, катедралата Нотр Дам во центарот на Париз почна да гори.  По девет часа, околу 400 пожарникари успеале да го стават  под контрола. Најпопуларната историска атракција во Париз и Франција, која е посетена од 13 милиони луѓе годишно, е само уште еден потсетник за она што е изградено пред повеќе од 800 години.

Главниот пожарникар Жан-Клод Галет вели дека пожарот започнал на таванот на катедралата.  Дрвени греди ја сочинуваа целата внатрешна контрукција, на кој се држеше и  покривот. Овие греди се веројатно причината зошто пожарот беше толку разорен и зошто на пожарникарите им требаа околу девет часа за да го изгаснат. Целиот покрив беше во пламен и не беше можно да се гасне од воздух,  бидејќи се сметало дека ,,водени бомби” целосно би можеле да ја урнат катедралата.

Поголемиот дел од покривот е уништен, но двете предни кули се зачувани. Се урна централната кула, а по неа огнот проголта и уште една.

За среќа, дел од уметничкото богатство претходно е изнесено поради реставрацијата на Нотр Дам и е спасено. На пример, минатата недела, 16 бакарни статуи биле изнесени од катедралата.

Во катедралата се чуваа и еден од најпознатите верски артефакти – круна од трње, којахрабрите пожарникари успеале да го спасат од огнот. И покрај густиот чад, тие се уште ги извлекуваат од внатрешноста  религиозните артефакти и уметнички дела од непроценливо значење. Олтарот и крстот останале недопреми од огнот.

Причината за пожарот не е позната. Прелиминарната истраги откри дека пожарот избувнал  случајно и дека не е пометнат.

Нотр Дам со години ,,плаче” за реставрација, бидејќи делови веќе беа уништени од забот на времето, а пожарот само го доуништи тоа што беше останато.  Реновирањето на најпознатата  готска зграда во светот ќе чини околу 180 милиони долари.

Во своите 850 години постоење, катедралата поминала низ бројни предизвици.  Французите почнале да ја градат во 1163 година и била завршена во 1345 година. Била оштетена и занемарена за време на Француската револуција, а романот на Виктор Иго, ,,Sвонарот на Богоричната црква” во 1831 година, укажа на нејзината страшна состојба. Поради таа книга, Нотр Дам доби нов изглед. Реновирањето траеше 20 години, од 1844 до 1864 година.

Покрај тоа што е скапоцен камен на готската архитектура, Нотр Дам е од суштинско значење за историјата на Франција и на Европа. Во неа Хенри VI. бил крунисан за француски крал во 1431 година. Наполеон Бонапарта во неа бил прогласен за цар во 1804 година. Ивана Орлеанска била беатифицирана во 1909 година.

,,Тажен сум, гори еден дел од нас. Ова е трагедија за целиот народ” – рече францускиот претседател Емануел Макрон додека со своите сограѓани синоќа гледаше како се уништува еден вреден дел од историјата.

извор: Makfax

1
loading...

Најчитани вести