Пророштвото врзано за Нотр Дам, како што се пишува по медиумите ширум светот, оживува од различни астролошки траги кои укажуваат на 15 април 2019 година.

Со пожарот во париската катедрала, кој ја зафати вчеравечер и како резултат на што се урна дел од ова монументално здание, а се смета за еден од најдобрите примери на француската готска архитектура, многумина веруваат дека  се оствари пророштвото на Нострадамус и Баба Ванѓа.

Францускиот лекар и астролог предвидел дека Нотр Дам ќе изгоре во пожар. Тој пред 500 години напишал збрика од 942 катрени, кои наводно ги предвидуваат сите идни настани. Еден од зборовите кои превладуваат во списите на Нострадамус е „емоции“ и се поклопува со она што францускиот претседател го спомена на својот Твитер-профил кога го опишуваше она што се случи вчеравечер: „Нотр Дам е во пламен. Католици и сите Французи, како и сите граѓани, тажни сме што овој дел од нас гори.“

 

„Нострадамус успеал да визуализира стотина години, моменталниот пожар во Нотр Дам, бидејќи спомнувал историски Оган во астролошкиот графикон. Освен тоа, Сатурн кој претставува потешкотии присутни во јарец, и тоа е нешто што се случува на секои 29 години, така што цел образец означува еден необичен аспект“, пишува низ медиумите кои обрнале внимание на пророштвото.  

 

Наводно, од неговите стихови е јасно дека Франција и Италија (земјата во која се наоѓа Ватикан) ќе бидат најмногу емоционално погодени, а овој настан, според навподите и толкувањата на споменатата поезија, е вовед во „враќање на злото, кое доаѓа после долг век.“

 

Се споменуваат и апсењето на Џулијан Асанж, „кој личел на христијански светец“, како и други бројни наводи поврзани со пожарот.

 

Исто така, се појавија информации дека и Баба Вангѓа, која ја нарекуваа „балкански Нострадамус“, исто така, предвидела што ќе се случи со прочуената катедрала во Париз. Таа имено за 2019 година предвидела дека светот „буквално ќе гори“.

43
loading...

Најчитани вести