Визер скопскиот маратон, кој годинава го прославува својот 15. јубилеј, ќе се одржи на 4 мај, сабота. За самата трка пријавувањето се затвора на 22 април, освен предвремено доколку се исполни предвидената квота на настанот.

Организаторите ги повикуваат сите да побрзаат и да се пријават пред затворањето на рокот на http://skopskimaraton.com.mk/ или кај партнерот за онлајн регистрација https://www.smartrace.club/.

Тимот на Визер скопски маратон порачува дека столбот на самата организација и манифестација се волонтерите и ги повикува сите заинтересирани да се пријават. Рокот за аплицирање на волонтери е 25 април, или до пополнување на бројот потребен за волонтери. Тоа може да се направи на следниот линк: http://skopskimaraton.com.mk/volonteri. Волонтерите добиваат маица, вода, храна и сертификат за волонтирање и апликантите треба да бидат постари од 16 години и да исполнат одредени услови.

Визер скопски маратон е под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт.

извор: Makfax

1
loading...

Најчитани вести