Пожарникарите по осумчасовна битка со огнот успеаја да ја спасат главната камена структура на 850 години старата готска градба на едно од најзначајните париски обележја со светска вредност, катедралата Нотр Дам.

Од пламените јазици се спасени двете кули, но не и шилестата готска кула и покривот. Таа се смета за една од најубавите примери на француската готска архитектура.

Нејзината изградба започнала во 1160 година, а завршена е во најголем дел 100 години подоцна.

Ден по страотниот пожар што се закануваше да го пеплоса ова историско здание, агенциите објавија фотографии од катедралата и штетите што ги предизвика пожарот.

извор: Makfax

5
loading...

Најчитани вести