По осумчасовна по  борба со огнената стихија, француските пожарникари успеаа да го локализираат огромниот пожар во Богородичната црква во Париз (Нотр Дам) во 3 часот по полноќ. Францускиот претседател, Емануел Макрон, пробдеа цела ноќ покрај неа, а потоа со сопругата први влегоа да видат дали е спасено вековното богатство. Според првичниот впечаток, огнот не ги уништил катедралните сводови, светиот крст и бројните вредни фигури и книги.

Во пожарот целосно се уништени куполата и високиот столб кој се издигаше над катедралата, а големата камбана е спасена.

Пожарот избувна вчера попладне. Француското обвинителство отвори истрага за причините за пожарот во Нотр Дам во Париз. Во гасненењето на пожарот на катедралата Нотр Дам во Париз беа  вклучени повеќе од 400 пожарникари и возила.

,,Од безбедносни причини не може да се користат авионите за гасење пожари „канадер“ оти еден авион исфрла 6 тони вода при голема брзина, што може да повреди луѓе и да ја оштети структурата на катедралата и таа моше да се урне”, информираа од противпожарната служба во Париз.

Пожарот избувна во 18.30 часот и по кратко време целосно ја проголта високата купола.Нотр Дам во Параз е споменик на културата кој датира од 12 век. Го посетуваат од 30 до 50.000 луѓе на ден. Светските лидери Меркел, Трамп и меѓународната заедница искажаа загриженост и сочувство за големата загуба. Пожарот се случува во деновите на пост пред најголемиот христијански празник Велигден.

извор: Makfax

1
loading...

Најчитани вести