Фановите на серијата „Игра на троновите“ се плашат затоа што незаконски ја презеле серијата преку интернет. Последната сезона досега ја имаат видено 1,77 милион Австралијци преку пиратска услуга, пишува „Дејли мејл“.

Австралиските власти одлучија да го решат овој проблем и ги зајакнаа законите. Новиот закон за антипиратство стапи во сила на крајот од 2017 година. По тоа, стапката на незаконски преземања филмови и серии падна од 29 на 19 отсто.

Со цел достојно да се простат од серијата, продуцентите го добија најголемиот џепарлак досега. Во првата сезона една епизода чинеше околу 6 милиони долари, следната сезона беше поскапа 1 милион долари од епизода, така што во шестата сезона буџетот ќе изнесува неверојатни 10 милиони долари за епизода.

Сега, за последните шест епизоди, Ејч-би-о подготви дури 15 милиони долари за една епизода, според „Вариети“.

извор: Makfax

3
loading...

Најчитани вести