Саманта Фокс (53) во осумдесеттите години беше една од најпосакуваните познати дами во светот, а на возраст од 16 години, кога ја почна кариерата, беше јасно дека ќе стане ѕвезда. Таа прво беше моделка, а потоа во 1986 година влезе во светот на поп-музиката.

Читателите на британски таблоид во 2006 година ја прогласија за „најдобра девојка од дуплерка на сите времиња”. Саманта Фокс за „Плејбој“ се фотографираше во 1996 година и не крие дека со задоволство повторно би го направила тоа денес. Таа сака да им докаже на жените дека нема ништо лошо во стареењето.

Од некогашните славни денови датираат и некои делови од облеката кои Фокс моментално ги продава на својата веб-страница. Така, заинтересираните купувачи можат да станат сопственици на градници, корсети, џемпери и дизајнерски фустани што ги носи Саманта.

„Делови од облека доаѓаат со потпис на Саманти и фотографија која ја потврдува автентичноста на предметот”, стои во описот на производот.

Градниците може да се најдат по цена од 100 фунти, додека парчиња бикини кои Фокс ги носеше во џунглата за време на снимањето на „Јас сум славен“ веќе се продадени за 250 фунти. Саманта, исто така, продава многу облеки што ги носеше на Celebrity Big Brother и во ТВ-емисиите Good Morning Britain и Loose Women“.

извор: Makfax

2
loading...

Најчитани вести