Претседателскиот кандидат Блерим Река вечерва ја продолжи неговата кампања во Битола,
Црнилиште и Житоше.

Река потенцираше дека првиот впечаток од Битола му е чувство на празнина, празен град и дека тоа е загрижувачки.

„Овој град на азбуката, на браќата Манаки, но без Албанци. Македонија нема институционален капацитет да ја води државата напред. Оваа држава нема да оди напред ако сеуште олигархијата стој над политиката. Многу ни е драго што конечно и владата ја призна мојата точна прогноза, дека тешко може да добиеме датум за почеток на преговори – без реформи. Не очекува голема работа. Како претседател, со мојата екпертиза можам да и помогнам на оваа држава да не ги повтори истите грешки. На Македонија ѝ треба нова реформа за да не остане празна држава“, рече Река.

извор: Makfax

1
loading...

Најчитани вести