Кандидатот за претседател Гордана Сиљановска Давкова вечерва се обрати на граѓаните во Валандово.

Сиљановска Давкова посебен акцент стави на владеењето на правото и правната држава, односно како што рече таа Македонија не е слободна држава во изминатите две и пол години, односно дека со оваа влада таа е далеку од тоа.

Сиљановска Давкова спомена дека граѓаните секојдневно се иселуваат од државата, бидејќи со оваа влада тие немаат никаква преспектива за да останат овде.

„Луѓето си заминуваат, и тоа оние кои ни се најпотребни, најумните најспособните, најкомпетативните, оние кои може да се натпреваруваат во европските држави и подалеку. За жал, политиката на оваа власт не е политика за тоа да води сметка дека тие се потребни овде. Ништо не сторија за да ги задржат, напротив како да ги бркаат. Тоа мора да се смени“, кажа Сиљановска Давкова.

Таа пред граѓаните потенцираше дека иако ветувале живот не го донеле животот, алудирајќи на тоа дека доколку граѓаните ја изберат нејзе за претседател на Република Македонија ќе се бори за еколошката заштита и дека тоа ќе биде еден врвен приоритет бидејќи се работи за животот на граѓаните.

Според неа иако СДСМ и Заев го склучиле Преспанскиот договор со образложение дека тој е услов за влез во ЕУ и НАТО, тоа не е така бидејќи ЕУ ќе испорача нови услови за исполнување на европски стандарди бидејќи токму тие се неопходни за почеток на преговорите.

Сиљановска Давкова смета дека функционерите од владата на Заев се во изборна кампања, односно како што рече таа како професор по уставно право одговорно тврди дека е шок кога ќе се види министер за внатрешни работи во кампања,а гледа и други министри и директори на јавни претпријатија кои се шефови на изборни штабови, нагласувајќи дека со ова не може да се зборува за департизирана администрација.

„Оваа земја не е пристојна земја, ова земја е непристојно место зошто тие се однесуваат непристојно, зошто живеат како да се изолирани од народот и затоа мислам дека народот на 21 април треба да им покаже дека постоите заради нас, од нас ви извира мандатот и легитимитетот. Не заборавивте, тогаш сега ние ќе ви речеме збогум“, рече таа.

извор: Makfax

115
loading...

Најчитани вести