Младите во нашата држава веќе кажаа дека сакаат оваа држава да продолжи напред, дека не сакаат да губат време на политички кавги, на политички делби, на прашања од минатото и кавги од минатото, и затоа поддршката од сите млади низ земјава е многу голема кон кандидатот Стево Пендаровски заради тоа што во него гледаат шанса навистина да изградиме држава којашто ќе биде безбедна, тоа ќе го донесе НАТО членството, но ќе создава многу повеќе шанси за младите, а тоа ќе го донесе членството во ЕУ, рече заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, при денешната посета на Делчево.

„Ние сме на само неколку километри од границата со ЕУ и токму млдаите во Делчево имаат прилика да видат колку драстично Бугарија се промени со членството во НАТО, а потоа и во ЕУ. Сакаме тоа што им беше овозможено на младите во Бугарија, да го обезбедиме и за нашите млади, големи фондови за развој на образованието, големи шанси за студирање во странство, но исто така и големи фондови за равој на локалната инфраструктура и создавање на нови претпријатија мали и средни коишто ќе ја зголемат активноста и интересот и кај младите“, рече таа.

За државата да продолжи напред, додаде Шекеринска, мора да ги решаваме сите проблеми, за државата да ги решава проблемите ни требаат луѓе кои ќе сакаат, не само да зборуваат, туку кои ќе сакаат да ги решаваат тие проблеми и во името на следните генерации.

„Не ни требаат претседатели кои во текот на кампањата прв пат си ги гледаат општините и народот, ни треба претседател кој го знае својот народ, којшто ги знае своите луѓе, којшто ја поминал нашата држава и хоризонтално и вертикално, кој влегол во секое село и секоја општина, и кој ќе обезбеди услови сите ние да обезбедиме повеќе шанси за овие млади“, рече таа.

извор: Makfax

6
loading...

Најчитани вести