Жителите на Германија во последните неколку години станале побогати, но распределбата на богатството и понатаму е нерамномернa, па најбогатите 10 отсто од домаќинствата поседуваат 55 отсто од движниот и недвижниот имот, покажа извештајот „Домаќинства и нивните финансии“ што денеска го објави Германската сојузна банка – Бундесбанк.

„Зголемувањето на богатството посебно се однесува на сопствениците на недвижнини кои во последните години профитирале од силниот раст на цените во овој сектор“, се наведува во извештајот.

Но, во Германија само 44 отсто од домаќинствата поседуваат сопствен имот така што од овој раст профитирале мал број граѓани.

Во Италија и Шпанија бројот на граѓани кои поседуваат свој имот е речиси двојно поголем.

Богатството на германските граѓани пораснало и поради порастот на платите и падот на бројот на невработени со што е зголемена и нивната заштеда.

Во просек, секое домаќинство во Германија во 2017 година поседувало 232.800 евра, што е за 18.300 евра повеќе отколку во 2014 година.

извор: Makfax

1
loading...

Најчитани вести