Околу 20 прекубројни патници се транспортирале од Скопје до Гостивар, по што граѓаните се жалеле дека се гушат, а полицијата на влезот на Тетово ги симнала од автобусот, кој во петокот во 18 часот тргнал од Скопје за Гостивар, пренесува Порталб.мк.

Возачот дозволил да се превезуваат 20 патници повеќе, со билети што ги купиле во автобус. За време на патувањето патниците се жалеле дека се гушат, но возачот се правдал дека не е негова вина, пренесе порталот.

На влезот во Тетово автобусот бил сопрен од сообраќајната полиција и се симнале сите патници кои што стоеле. Полициската контрола траела 35 минути, потоа патниците повторно се качиле во автобус, а се симнале во Тетово.

„Порталб.мк“ претходно објави дека во текот на 2018 година, само Државниот инспекторат за сообраќај има спроведено 46 контроли на овие автобуси, а како резултат на пријавени неправилности.

1

Најчитани вести