Обвинителството отвори истрага против едно лице кај кого биле пронајдени пиштоли и муниција.

„При претрес во домот во кој престојувало лицето, на улица „Лазар Трпков“ во Скопје, било пронајдено огнено оружје – два пиштоли со калибар од 7,62мм, како и една рамка со девет куршуми со ист калибар. До судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје надлежниот јавен обвинител достави и Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои што очигледно укажуваат на опасноста лицето да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон“, велат од обвинителството.

извор: Makfax

1

Најчитани вести