Напредокот во интеграциите, успешните економски политики резултираа со раст на економијата, раст на платите и на инвестициите.

Во 2018 година забележан е рекорден износ на странски директни инвестиции од 625 милиони евра. Отворени се над 26.000 нови работни места, а стапката на невработеност падна на историски најнизок процент 19,4, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Тој порача дека 19 нови странски инвестиции започнале со работа, дел се во градба, а дел, како што кажа, започнуваат со градба или се во втора фаза на инвестирање.

Партискиот портпарол наброја дел од новите инвестиции, а потоа нагласи дека државата и економијата, мора да продолжат да се движат напред.

„На овие избори, гласот за Стево Пендаровски е глас за раст на странските инвестиции, раст на платите. Гласот за Гордана Сиљановска е глас за да запрат инвестициите, за парите да не завршуваат кај граѓаните туку кај фамилијата од ВМРО-ДПМНЕ водена од Будимпешта“, изјави Костадинов.

извор: Makfax

1

Најчитани вести