Руската Црноморска флота го следи движењето на разорувачот „УСС Рос“ кој влегол во Црното Море на 14 април, објави рускиот Центар за управување со националната одбрана, пренесува ТАСС.

„Силите на Црноморската флота постојано го следат движењето на разорувачот на американската морнарица, кој влезе во Црното Море на 14 април 2019 година”, се вели во соопштението.

Центарот додаде дека по влегувањето во Црното Море, бродот на американската морнарица бил ставен под постојан надзор од објектите за поморска контрола на флотата.

„Покрај тоа, патролниот брод „Василиј Биков“ и извидничкиот брод „Иван Курс “директно ги следат активностите на американскиот воен брод”, истакна рускиот Центар за управување со националната одбрана.

 

 

извор: Makfax

2
loading...

Најчитани вести