Француски турист добил парична казна од 450 евра викендот откако ги прекршил градските закони кои го санкционираат несоодветното однесување под дејство на алкохол, пренесува „Локал“.

„Виџили урбани“, градската полиција во Рим, го уапсиле и го казни 35-годишниот Французин откако го фатила како плива во една историска фонтана во раните утрински часови. И покрај студеното и дождливо време викендот, туристот одлучил да плива во фонтаната „Санта Марија“ во Трастевере, за која се верува дека е најстара во Рим.

Градската полиција го привела пливачот во блиската полициска станица, каде што бил казнет сгласно градските закони против несоодветното однесување под дејство на алкохол, кое вклучува и пливање во градските фонтани.

Градската полиција во Рим изведува околу илјада проверки и интервенции неделно додека се бори против пиењето алкохол на улица и непристојното однесување во градот, главно околу Трастевере, Пјаца Болоња, Сан Лоренцо и во историскиот центар.

Пиењето на отворено по 21 часот во моментов е забрането во Трастевере, како и во многу други познати места за ноќен живот, вклучувајќи ги Сан Лоренцо, Ескилино, Пјаца Болоња и околината на станицата „Термини“.

Продавниците за алкохол, супермаркетите и автоматите за алкохол во овие области во не смеат да продаваат алкохол по 21:00 часот, а баровите воопшто не можат да продаваат алкохол помеѓу 02:00 и 07:00 часот. Законите, исто така, ги забрануваат тепачките во пабовите, облекувањето како римски војници и ждерењето.

Стотици „виџили урбани“ се вработени за да ги спроведуваат правилата кои стапија на сила во ноември минатата година. Иако многумина во Италија ги сметаат за малку повеќе од сообраќајци, градската полиција во Рим која ги спроведува правилата на локалната власт, има овластувања да казнува и да им забранува пристап на луѓето на некои јавни места.

 

извор: Makfax

13
loading...

Најчитани вести