Филмот ,,Господ постои, името и’ е Петрунија” на Теона Стругар Митевска се закити со уште една престижна награда на штотуку завршениот фестивал Dortmund | Cologne International Women’s Film Festival.

Петрунија ја освои главната награда на фестивалот која има парична вредност од 15,000 евра. Овој фестивал е посветен на женски автори и во главната конуренција се одбираат само 8 филма од целиот свет, кои се натпреваруваат за главната награда. Овој пат тричленото жири, се одлучи за Петрунија. Жирито доделувајќи ја наградата рече: Oдлучивме да ја доделиме главната награда овој на овој филм поради својата извонредност во пренесување приказна за храброста на невработена жена да се спротивстави на воспоставени и затемелени структури на патријархатот. Надминувајќи ја сопствената отуѓеност таа ја осознава својата моќ да ја озобнови солидарноста во борбата против неправдата.

,,Господ постои, името и’ е Петрунија” на 10 април го отвори фестивалот во Визбаден, а следната проекција на 12 април беше целосно распродадена и се бараше билет повеќе.
Во април, филмот патува на шест фестивали, меѓу кои и Московскиот филмски фестивал, каде еден од најголемите руски дистрибутери Ruscico, кој го откупи филмот за дистрибуција во Русија и Украина оттаму и ја започнува Руската дистрибуција на Петрунија.

извор: Makfax

3
loading...

Најчитани вести