Таткото на Џулијан Асанж во интервју за австралиски весник побарал од австралиските власти да му помогнат на неговиот син и ги повикал да се заложат да го вратат во Австралија.

Говорејќи првпат во јавноста по апсењето на неговиот син во четвртокот, Џон Шиптон за „Хералд сан“ рекол дека бил шокиран кога видел дека британската полиција го апси неговиот син од амбасадата на Еквадор во Лондон.

„Имам 74 години и изгледам подобро од него кој има 47 години. Тоа е шокантно“, рекол Шиптон за неговиот син кој помина седум години во еквадорската амбасада. Тој беше уапсен откако Еквадор му го укина азилот.

„Со месеци живеел под надзор, не можел да оди ни во тоалет. Камерите го следеле секој негов чекор“, рекол Шиптон.

Тој побарал од австралиската влада и од премиерот Скот Морисон да му помогнат на неговиот син.

Во меѓувреме повеќе од 70 пратеници во Велика Британија побараа од министерот за внатрешни работи Сајид Џавид да го предаде Асанж на шведските власти доколку оваа земја одлучи повторно да отвори истрага за наводите за силување и сексуалниот напад за кои е обвинет Асанж. Асанж ги негира обвинувањата.

На Асанж, кој се наоѓа во затвор во Лондон, му се заканува и екстрадиција во САД поради издавање државна тајна. Затворот „Белмарш“ во кој се наоѓа Асанж е познат по тоа што во него се сместени некои од најголемите злосторници во Велика Британија.

извор: Makfax

1
loading...

Најчитани вести