Потребни состојки:

  • 10 домати со иста или приближна големина 
  • 2 конзерви туна 
  • 1 главица кромид 
  • 2 кисели краставички 
  • мајонез 


Начин на приготвување: Доматите измијте ги, исечете им ги врвовите и со лажичка извадете го семето и малку од меснатиот дел. Туната ставете ја во чинија, иситнете ја, додадете го извадениот дел од доматите, ситно сечкан кромид и ситно сечканите краставички. Добро измешајте и со добиената смеса полнете ги доматите. Поклопете ги со извадените врвови, а секој домат украсете го со малку мајонез.

Пријатен апетит!

1
loading...

Најчитани вести