Тијана Ајфон која моментално се наоѓа во Париз, за српските медиуми изјавила оти е шокирана што нејзиното име е дел од аферата елитни проституки. Вели, ниту некогаш била апсена за проституција ниту се бавела со тоа, иако сите ја „ставаат во тој кош“.

„Дегутантно ми е да се бавам со такви теми, но принудена сум за ваквите напади да запрат. Аферата ми ја местат оние кои се сексаат за ситни пари, а сакаат некој да им даде повеќе од 100 евра. Тажно е што со денови се зборува како старлетите и некои пејачки се проститутки, а никој не кажува дека во други професии ги има многу повеќе“, вели Тијана Ајфон. 

Ајфонка признава дека е најмногу разочарана од оние кои се претставуваат како светици. 

„Белград не е толкава метропола за да може баш се да се скрие. Многу луѓе сум запознала и можам да тврдам дека девојките кои се бават со проституција се многу подобри и поголеми луѓе од оние кои ги осудуваат. Тие барем си ја гледаат својата работа за разлика од оние кои се претставуваат како светици“, додава Ајфонка. 

 

1

Најчитани вести